Најновиот пакет од Humble Bundle се одликува со бројни и исклучително забавни игри за вашиот мобилен уред.
Првата категорија нуди пет игри за минимум од 1 долар и ќе проба да ве забави со премиум игрите 1941 Frozen Front, Aces of the Luftwaffe, Aporkalypse, Clouds & Sheep и Guns’n’Glory WW2.
Вториот платежен столб од 3 долари отклучува уште пет игри, со ветување за уште неколку во втората недела од промоцијата. Од понудените игри, дефинитивно би ги препорачале Guns’n’Glory Zombies, како и одличната RPG игра Devils & Demons.

Последните пет игри ги добивате за минимален придонес од пет долари, а она што ќе најдете тука се претежно продолжетоци на игрите од првите два платежни столбови како и популарната Townsmen.
Купените игри се во DRM-Free форма и повеќето ги преземате и инсталирате на онолку направи колку што сакате, а за олеснето преземање, сајтот се одликува и со сопствена Android апликација.
Разбирливо, дел од средствата одат кон потпомагање на добротворни цели.