0 коментари 3 мин. читање 1 јуни, 2016

ИТ настан: Content Marketing за стартап ентузијасти

Сакате да ги научите најновите техники и трикови кои ги користат успешните стартапи? Сакате да дознаете повеќе за успешните контент маркетинг кампањи? Што сѐ работат дигиталните маркетери во Европа?

Impact Hub Skopje, SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact во партнерство со J.E. Austin Associates и Brainster најавуваат бесплатен курс со ексклузивната инструкторка Кристина Форстер која доаѓа директно од Виена со 15 годишно искуство во дигиталниот маркетинг и креаирање на брендирана содржина. Г-ѓа. Форстер е заинтересирана да работи со стартап сцената во Македонија и да им помогне на стартапите да се маркетираат на интернационално ниво.

На бесплатната работилница ќе имате можност да разберете што всушност претставува content marketing, како истиот се користи од страна на различни компании и кои се круцијалните елементи на овој тип маркетинг. Работилицата ќе вклучи конкретни примери и заклучоци од практичните искуства и работа со стартапи во Австрија и Централна и Источна Европа, со особен фокус на презентирање алатки кои можат да се користат во процесот на градење на вашата приказна и елементите на вашата контент стратегја.

Во соработка со Бистра Кумбароска (регионален програмски координатор во Impact Hub Skopje), работилницата ќе започне со вовед во бренд филозофијата на т.н. бренд дрво, и ќе претстави еден од најпрактичните модели на градење на вашиот бренд. По краткиот вовед, на оваа работилница ќе имате можност да дознаете за: Storytelling/раскажување и начин на изразување; Формати и стратегија; Визуелен идентитет; друштвени мрежи & SEO.

Доколку сте основач на стартап или сте дел од маркетинг тим на стартап или сте во фаза на развој на идеја за стартап оваа работилница тогаш пријавете се на курсот. Местата се ограничени…

Напишано од

Brainster

Brainster.co е македонска едукативна платформа која цели да го модернизира образованието. Започнуваат во Скопје, со планови да се прошират во Атина, Софија и други градови. Конечната цел е да изградата глобална заедница на едукатори.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top