ИТ Настан: Детали за „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“

во Останато

Започнуваат подготовките за двата хакатони организрани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.  Во петок на 23 септември од 11:00, е првата од серијата инфо сесии за запознавање со деталите, а настанот е во просториите на Технолошко металуршки факултет. Идејата е заинтересираните да се запознаат со процесот на аплицирање за натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“.

Инфо настанот е поделен во неколку дела:

  • 11:00 – 11:10 – Претставување на натпреварите – Јасмина Поповска, Фонд за иновации и технолошки развој и Игор Јанушев, ЈСП Скопје
  • 11:10 – 11:20 – Преставување на техничкиот дел за „Скопски автобуски хакатон“ – проф. др. Иван Чорбев, ФИНКИ
  • 11:20 – 11:30 – Преставување на техничкиот дел за прототип натпреварот „Паметна автобуска постојка“ – проф. др. Атанас Кочов, Машински Факултет Скопје
  • 11:30 – 11:50 – Генерирање на идеи/Brainstorming – Јасмина Белчовска Тасевска, UNDP
  • 11:50-12:00 -Прашања

По ова следи можеби најинтересниот дел од настанот. Во просториите на Social Innovation Club заинтересираните ќе можат да се запознаат, и поважно да ги креираат тимовите.

Пријавите за учесниците требаше да завршат на 15 сeптември, но се чини дека организаторите се одлучија да ги продолжат. Повеќе податоци може да најдете на веб-страниците наменети за оваа прилика: ЈСП хакатон и Паметна автобуска постројка. Прашања за инфо настанот, може да поставите на facebook-страницата на настанот.

Натпреварите се во организација на ЈСП Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.