0 коментари 2 мин. читање 21 септември, 2016

Project AirGig е технологија која ветува супербрз Интернет насекаде

Project AirGig е технологија која ветува дека ќе овозможи супербрз интернет насекаде. Идејата доаѓа од еден од најголемите оператори во САД, AT&T. Најверојатно најважно, проектот е евтин и ќе ја користи сегашната електрична инфраструктура.

Идејата за користење на електрична инсталација не е нова, но планот на AT&T е поинаков. Наместо сообраќајот да биде низ каблите, тој ќе биде по далноводите и ќе патува бежично во околина на каблите. Ова ќе овозможи креирање на меш-мрежи кои ќе користат веќе постоечка инфраструктура. Поради ова новата технологија ќе биде поедноставна за распоредување од оптички кабли.

„Project AirGig има огромен потенцијал да го трансформира интернет пристапот насекаде – многу подалеку од реоните во кој сега оперираме и не само во САД. Резултатите кои ги гледаме на надворешните лабораториски тестови се охрабрувачки, особено ако се потсетиме дека се подготуваме за 5G-свет. Поради ова се обидуваме да пронајдеме вистинска глобална локација за да ја тестираме технологијата следната година.“, вели Џон Донован, претседател на групата за развој во AT&T.

Целта технологија е овозможена од антените кои се „р’бет“ на целиот проект. AT&T веќе има над 100 патенти за Project AirGig. Антените можат да ги претвораат радиобрановите во 4G LTE сигнал или во 5G во иднина. Овој сигнал ќе оди во домовите и насекаде по должина на далноводите и инсталацијата.

Технологијата засега е тестиранa во лабораториски услови на отворено, но следната година започнуваат и тестовите во неконтролирана средина.

https://youtu.be/ZF09OWzv_pw

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top