Веднаш престанете да го користите Team Viewer!

Корисниците на сервисот за далечинско логирање TeamViewer речиси еден месец се цел на сајбер напади, и она што е пострашно, засега никој освен напаѓачите не знае како. Напаѓачите го користат сервисот да се логираат далечински на компјутерот на жртвата, и да ги злоупотребат сите податоци, најчесто крадејќи PayPal информации или пристапуваат до сервиси каде се зачувани кредитните картички.

За нападите знаеме од дискусиите на социјалните мрежи и на Reddit, иако од сервисот велат дека нивните сервери не се пробиени. За TeamViewer користењето на иста лозинка на повеќе места е единствената причина за пробивањето, пренесе Arstechnica.

„Со трчање се спуштив по скалите каде имам уште еден компјутер. И на него го видов прозорецот на TeamViewer. Пред да го затворам прозорецот го отвори прелистувачот и се обиде да отвори веб-страница. Веднаш ја затворив апликацијата, отидов на страницата на TeamViewer, ја променив лозинката и вклучив двојна авторизација. За среќа, ова беа единствените два компјутери на TeamViewer мрежата, но бев и присутен кога се случи ова. Да не бев присутен којзнае што ќе се случеше“, вели Ник Бредли од IBM THread Research Group.

Одговорот на безбедносните експерти на TeamViewer е дополнителна авторизација на секој нов уред кој ќе се најави на профилот. Trusted Devices ќе обезбеди корисникот да мора да даде дозвола за логирање од секој нов уред.

Конечно како и на секој сајбер напад советите за безбедност остануваат исти.

  • Користете уникатни лозинки за секоја аликација или сервис;
  • Користете лозинки кои се тешки за погодување;
  • Редовно менувајте ги лозинките;
  • Ако забележите софтвер кој не е авторизиран од компанијата, отстранете го!
  • Секогаш кога можете користете двојна авторизација;
  • Користете последна верзија на апликацијата и на оперативниот систем.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Jas
Jas
6 years ago

Насловот е надвор од контекст.
Што р team viewer крив ако си ставил 123456789 лозинка. За тие таквите треба да престанат да користат интернет а не TeamViewer.