Спонзориран текст

Наскоро: Трето издание на Endava Tech Insights – бесплатни онлајн предавања за сите млади ИТ ентузијасти

Спонзорирано од Endava

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Пред две години, Ендава ја претстави програмата Tech Insights која опфаќа неколкунеделни онлајн предавања наменети за студенти, дипломци и млади професионалци кои сакаат да го прошират своето знаење во различни области поврзани со работењето во ИТ индустријата.

Целта на оваа програма е да овозможи корисни практични примери од ИТ индустријата, кои се првиот чекор во градење на успешна кариера, како и во надградување на соодветните вештини. Исто така, оние што ќе се регистрираат, ќе имаат шанса да дознаат повеќе информации за Graduate програмата што Ендава ја организира двапати годишно.

Овој концепт се покажа многу успешен, за што потврда се повеќе од 250 пријави само минатата година. Оваа година ќе се обработуваат теми од областа на развој и тестирање на софтвер, проектен менаџмент, DevOps и дата инженеринг. Предавачи ќе бидат вработените од Ендава кои ќе го пренесат нивното долгогодишно искуство и знаење, но и ќе ја доближат работната и организациската култура на Ендава до потенцијалните идни колеги. Исто така, оваа година неколку предавања ќе бидат и со физичко присуство, со цел учесниците да се запознаат со предавачите и организаторите на програмата.

Со почеток од 15-ти септември, учесниците ќе бидат дел од 8 сесии, чиј распоред ќе биде објавен на официјалниот Фејсбук настан на овој линк: https://www.facebook.com/events/846247869674261

Регистрацијата е бесплатна и истата трае до 11-ти септември, а сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: https://bit.ly/TechInsightsRegistration

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Endava. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]