0 коментари 1 мин. читање

PlayStation 5 поскапува, иако и понатаму многу тешко се наоѓа

PlayStation 5 е еден од најпопуларните уреди за интерактивна забава. Скоро две години како конзолата на Sony не може да се најде ни за лек и само најсреќните успеваат да ја купат за 500 евра. Скоро две години упорно продолжува трендот со препродавање на конзолата за значително повисока цена од препорачаната.

Сега, ни препорачаната цена не е доволна и Sony ja зголемува од 500 на 550 евра. Ваквото поскапување на сличен начин ќе биде рефлектирано на сите пазари, освен на пазарот во САД, каде конзолата и понатаму ќе се продава за 500 долари.

Објаснувањето од Sony е дека морале да ја донесат тешката одлука поради огромната инфлација која влијае на потрошувачите и создава притисок во многу индустрии. Тие сметаат дека оваа зголемување ќе допринесе делумно да се разрешат предизвикувачките економски притисоци. За крај од известувањето, напоменаа дека и понатаму нивниот приоритет е да го зголемат производството на конзолата за да секој ужива во можностите на PS5.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top