Facebook е во процес на тестирање на својата нова функција, купување на карти за концерти која се наоѓа на страницата на настаните. Сепак, продажбата нема да оди преку Facebook, туку корисникот ќе биде пренасочен на некоја од страниците преку кои може да се купи карта за тој настан.
Иако до сега не беше воопшто проблем од организацијата во описот на настанот да постават врска до страница преку која може да се купи карта, сепак од Facebook отидоа чекор напред и решија на корисниците, а и на самите организатори, да им понудат подобро корисничко искуство.
Сепак, доколку оваа опција се покаже како успешна, во иднина не би не изненадило и самата социјална мрежа да се вклучи во водите на продажба на карти за настани, и секако, да заработи некој процент и од тоа. Оваа опција е достапна само доколку создавате настан преку Facebook страница, така што при создавањето на настан како обичен корисник, оваа опција нема да биде достапна.








