1 коментар 2 мин. читање 11 февруари, 2013

Riot ќе им помогне на властите да го следат секој ваш чекор

Безбедносната фирма Raytheon има развиено софтвер Riot кој собира информации од друштвените мрежи за да ги следи корисниците и да го предвиди нивното идно однесување, налик на „Google за шпиони“, пишува англискиот Guardian. Софистицираниот Riot ги следи друштвени мрежи и други сајтови, и помага да се креира целосен профил на корисникот, од кои му се пријателите до последните места кои ги посетувал прикажани на мапа, „се со само две-три кликања“.

Raytheon, петти најголем светски безбедносен изведувач, вели дека Riot (или Rapid Information Overlay Technology) е само концепт за кој во декември е поднесена апликација за патент, и не е продаден на ниту еден клиент. Но, компанијата исто така рече дека соработувала со американската влада и индустрија како дел од заедничко истражување уште во 2010-та година. Целта на соработката било да се направи национален безбедносен систем кој ќе анализира „трилиони информацииод сајбер просторот“.

„Софистицираната технологија ни открива како некои друштвени мрежи кои помогнаа да се стартуваат револуциите од Арапската пролет, можат да се претворат во ‘Google за шпиони’ и да се претворат во алатки за мониторинг и контрола.“, пишува Guardian.

Подолу е видео демонстрација од англискиот весник за како се користи Riot. Со софтверот се следи корисник чии фотографии и локации се прикажани во дијаграм кој ги поврзува сите пријателства со другите корисници. Сите податоци се ископани од Facebook, Foursquare, Twitter. Иако поголем дел од податоците се јавни, сепак софтверот е застрашувачки бидејќи ги анализира, групира и им дава смисла на податоците правејќи го одлична шпионска алатка.

[youtube]O1dgoQJAt6Y[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
трајко петко
трајко петко
13 years ago

а така….ај на зравје уше едно парче за шпијунурање, јавно декларирано…
и после некој ќе ми речи: оти немаш бе фејсбук профил?? заостанат еден!

Мени
Заедница
Изглед
To top