Наскоро поевтин роаминг помеѓу Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора

во ИТ.МК, Мобилни

Балканските земји се договорија да ги намалат цените на роаминг услугите по примерот на Европската унија. Планот, како што извести директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Ордановски, е од крајот на јуни да почне да се намалуваат цените за роамингот помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Но, засега не се знае колку ќе биде намалувањето за минута разговор, за порака или за искористен мегабајт во друга држава. Направени се законските промени и АЕК има моќ да ги дефинира цените. Идејата е цените да бидат на нивото на цените во Европската унија, иако Унијата најави дека оваа година целосно ќе го прекине роамингот. Роаминг услугите во Европа ќе останат по исти цени за македонските државјани.

Во тек е јавна расправа за утврдување на максималната цена за роаминг која ќе трае до 27 февруари.

Дополнително, воведени се правила за прекумерни трошоци. Со нов правилник се предвидува исклучување на броевите ако претплатникот надмине над 1.000 денари за интернет во роаминг, или ограничување на 3.000 денари на разговорите во роаминг. Со ова ќе се стави крај на изненадувачки сметки од десетици илјади денари бидејќи корисникот не бил информиран за цените, или не знаел како да го исклучи 3G-то. Доколку пак сака да продолжи да зборува/сурфа во роаминг ќе треба да го извести операторот преку електронски пат.

„Досега имаше голем број случаи кога корисниците не се свесни дека „нивните телефони сурфаат“ додека се на пат, потоа доаѓаат до АЕК, а немавме никаква законска основа како да ги прифатиме тие приговори. Сега се создаде законската основа и ќе немаме такви случаи“, вели г. Орданоски.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk