Европската вселенска агенција започнува експеримент со 3Д принтери во Вселената

во Свет

Европската вселенска агенција (ESA) во јуни ќе го испрати првиот 3Д принтер кој ќе функционира во нулта-гравитација. Станува збор за минијатурниот Portable On-Board 3D Printer (POP3D), кој може да се смести во коцка со страна од 25 сантиметри, јави Space.

„POP3D е малечок 3Д принтер на кој му е потребно малку енергија и минимално управување од екипажот за оперирање“, вели Лука Енриети од Altran, изведувачот на принтерот. Toj е втор 3Д принтер испратен на Меѓународната вселенска станица, а ќе биде тестиран од аустронаутkaта Саманта Кристофорети како дел од Futura мисијата. Претходниот принтер кој веќе е на вселенската станица веќе овозможи принтање на неколку алатки.

Принтерот нема да влијае на околината, ниту да им пречи на астронаутите бидејќи користи принтање со загревање, а креираните производи се биоразградливи. Сите проекти кои ќе бидат направени со POP3D ќе бидат испратени назад на Земјата за споредба. Целта е да се тестира дали предметите кои се принтаат во нулта-гравитација се однесуваат исто како оние кои се принтаат на Земјата. Доколку резултатите се позитивни, ќе овозможат резервни делови да се принтаат во Вселената наместо да бидат испраќани со редовно закажани летови. „Кога се во прашање сложени делови како вбризгувач за гориво во ракетен мотор, успеавме да го намалиме бројот на потребни делови кои ќе ги испраќаме со летови од 250 на еден или два“, вели Стефан Бејер од Airbus Defence and Space.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk