Саша Цветојевиќ, хрватски претприемач и бизнис-ангел, ќе го донесе првиот Tesla Model S во Скопје. Г. Цветојевиќ доаѓа како ментор на Startup Weekend Skopje, каде освен за претприемаштво и како се гради стартап, сигурно ќе биде распрашуван и за какво е чувството да се вози уникатниот електричен автомобил на Tesla Motors, компанија која е основана од Илон Маск. Всушност, присуството на електричниот автомобил на настанот е прикладно, бидејќи Tesla Motors e исто така стартап компанија (со огромен капитал) чија цел е да го промени светот.
[youtube]NmJar7wpJyc[/youtube]
Иако САД е преплавен со електрични полначи за овие возила, често инсталирани од Tesla Motors, за жал на Балканот тие се уште се реткост. Г. Цветојевиќ мораше да го испланира патот со полначите на ум за да ги пројде илјадниците километри од Хрватска до Скопје. Според него, иако нема полначи, со малку снаодливост тоа воопшто нема да биде проблем, а Tesla Model S „теоретски“ ќе може да ги помине 400-те километри од Белград до Скопје.







