Наскоро Facebook ќе објави нова опција за приватност за своите корисници. Станува збор за апликацијата Social Protection која ќе ги замагли вашите фотографии и ќе им оневозможи на останатите корисници да ги преземат и споделуваат.
Social Protection официјално ќе излезе наесен, се развива од страна на McAfee и Intel, а ќе се користи како додаток за веб прелистувачите. Корисниците кои нема да го имаат инсталирано овој додаток, нема да имаат можност да ги прегледат заматените фотографии. А доколку корисникот ги прегледува вашите фотографии преку Social Protection, нему ќе му биде оневозможено да ја преземе фотографијата. Исто така, ќе биде оневозможена и „повлечи-и-остави“ функцијата, како и опцијата за принт скрин. Покрај тоа, додатокот ќе ве извести и доколку некој прикачи слика на која сте вие или некој што личи на вас, а ве нема тагирано.
Social Protection ќе биде достапен за Chrome, Firefox и Internet Explorer на Windows, а подоцна ќе излезе за OS X, како и за iOS и Android.
Интересно, затемнување на сликите полека станува неопходна опција за зачувување на приватноста. Неодамна и YouTube претстави слична опција.
[youtube]ulwIVwCiJmQ[/youtube]







