YouTube со подобра контрола на содржината и поголеми слики

во Веб

Google овие денови објави неколку надградби на YouTube. Сликите на видеата се зголеми и со подобар квалитет, а со тоа се додадени и неколку информации повеќе кои ќе им бидат од корист на корисниците.

Одсега корисниците ќе може да имаат поголема контрола врз содржината која се појавува на почетната страница, така што самите ќе може да избираат што да им се прикажува.

Исто така, видеата што веќе ги имате прегледано ќе бидат означени како такви и ќе добијат малку побледа боја.

Последната новост која доаѓа е менито преку кое корисниците лесно ќе може да ја контролираат содржината што сакаат да им се прикажува. Како стандардна опција е избрано „Highlights“ со која се прикажува содржината според каналите на кои сте претплатени и повеќе ќе се истакнат попродуктивните креатори. Додека пак, доколку сакате да пратите сè што се случува, едноставно кликнете на „Everything“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments