Google Play ги променува правилата за да има побезбедни Android апликации

Google им го испрати новиот правилник на девелоперите на Android апликации,  кои планираат својот продукт да го продаваат на Google Play. Правилникот од Google е објавено во целост на GooglePlay, а писмотот кое команијата го испрати до програмерите во целост е објавено на Аndroidcentral.

Во своетот соопштение Google се осврнува кон неколку злоупотреби во апликациите, како погрешно претставување, малициозни апликации, спам-пораки, услови за рекламирање и слично.

За да се намалат забуните кај корисниците, во иднина нема да може да се користат слични икони или имиња на апликациите, но иконите ќе мора да бидат различни и од тие кои доаѓаат со телефонот. Пораките од апликациите ќе мора да се разликуваат од тие на оперативниот систем.

Во новиот правилник се вметнати и дополнителни објаснувања околу непожелни апликации поради безбедност. Дел од новите услови на користење е и забраната на апликации кој праќаат спам-пораки до корисниците. Во овој дел компанијата,  многу јасно дефинира што се смета за спам-порака.

Ограничување на рекламирањето во апликациите. Со новиот правилник рекламите и апликациите подлежат на исти барања, во поглед на содржините кои ги нудат, на пример насилство, експлицитни сексуални сцени и слично се забрабети во апликациите, следствено на тоа забранети се и кај рекламите. Google има неколку параграфи кои се однесуваат на заштита на корисниците. Рекламите нема да смеат да инсталираат дополнителен софтвер без нотификација до корисникот или да модифицираат постоечки софтвер или апликации. Покрај ова не е дозволено прибирање податоци од корисниците во рекламни цели и корисниците ќе можат да ги изгасат рекламите без промена на понатамошното користење на апликацијата.

Девелоперите кои и се најмногу засегнати од промените, го поздравуваат потегот на Google. На прашањето на BBC, Метју Кенард од One Result изјави „Мислам дека ова е еден oд многуте чекори, но ова е добар прв чекор за луѓето да видат дека ова го сфаќаат сериозно“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk