Добредојдовте во 2009. Google конечно објави дека корисниците ќе може да изберат URL по желба, односно наместо бројките за пристап до профилот, ќе може да постават свое корисничко име.
Според Google, пократките и персонализирани URL адреси ќе овозможат полесно да се најдат профили, но и полесно да ги споделат своите на сајтовите (или на другие друштвени мрежи). Оваа опција веќе е достапна за верифицираните профили кои ги имаат добиено јавните личности и компании, додека обичните корисници ќе мора да почекаат некој период.
Информација кога точно ќе биде достапна оваа можност, сѐ уште нема. Покрај останатото, пред корисничкото име на профилите и страниците, во адресата ќе има „+“, пример – plus.google.com/+itcommk.







