По најавата за Crysis 3, сега е објавено ново видео кое го презентира графичкиот енџин CryENGINE 3 кој изгледа нестварно. Енџинот се користеше во претходните верзии на играта, но сега е подобрен и, ако им веруваме на EA, во видеото не се прикажани анимации од филмовите низ играта, туку дел од гејмплејот. Во најголем дел фотореализам, јасно е дека за Crysis 3 ќе биде потребна нова графичка карта, иако со сигурност ќе ви требаат две поврзани во SLI или Crossfire. А на поголемиот број од нас најверојатно ќе ни треба и целосно нова машина.
Според најавата на Е3, Crysis 3 ќе излезе во февруари 2013 за PC, PlayStation 3 и xBox.
[youtube]zw8uVa01q6Q[/youtube]








Premnogu pecatni greski! :P