Дали кликате на Facebook, пишувате мејл и комуницирате на Skype додека гледате телевизор? Скоро 42 отсто од американците пребаруваат на интернет додека гледаат телевизор, 29 отсто кликаат на мобилен, 45 отсто ќе проверат имејл преку мобилен додека се во кино, а 67 отсто додека се на состанок, ни открива новиот инфографик на OnlineCollege.org.
Но, иако ви се чини дека тепате две (или неколку) муви со еден удар, сепак „мултитаскингот“ не е продуктивен бидејќи го одвлекува вниманието, или просечно по 2,1 работни часа дневно се губат на него. Всушност според некои студии, новопристигната порака го има истиот ефект врз вниманието како да не сте спале, односно е двојно полошо отколку да пушите марихуана.
„Секој е мултитаскер, но тоа што луѓето не го сфаќаат е дека мултитаскингот не функционира. Истражувања покажаа дека само 2 отсто од луѓето се способни за успешен мултитаскиг, иако тоа не ги спречува останатите 98 отсто да се обидуваат.“, вели OnlineCollege.org.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.