Знам дека ви го привлековме вниманието со споменување на ACTA, но тоа што ИТ министерот Иво Ивановски во интервју за Радио Слободна Европа го спомена контроверзниот трговски договор не значи и дека мислеше на истиот бидејќи зборуваше за друга регулатива за заштита на корисничките податоци.
ИТ министерот најави дека до крајот на годинава во Македонија ќе се воведе регулатива направена според мустрата на европската Директива за заштита на лични податоци 95/94 која ги штити податоците на корисниците, и не е директно поврзана со ACTA, контроверзен трговски договор за спречување на фалсификати и пиратерија со кој се бара мониторинг од страна на интернет провајдерите на содржината која се споделува по сајтовите.
„Ги следиме случувањето со ACTA. Регулативата којашто е 95-46, всушност тоа е директива за заштита на лични податоци, до крајот на наредната година, Дирекцијата за заштита на лични податоци во Македонија заедно со уште некои институции ќе ја направат во регулатива, значи се доби една посериозна алатка. Исто тука е конвенцијата за заштита на поединци, тоа е 108, се надеваме дека во периодот што следи ќе се вклучат активно сите чинители во јавната расправа, којашто ќе биде отворена за сите граѓани да се дискутира… АКТА како што може да видиме има и предности има и слабости, но тоа ние го следиме и се надеваме дека нашата регулатива која ќе биде донесена на крајот на наредната година ќе биде подобра од оние другите.“, вели ИТ министерот кој додаде дека ако Европа ја прифати ACTA „тоа нема да значи дека и ние ќе прифатиме било-какви регулативи“.
Поголемиот дел од интервјуто беше за реформите во јавната администрација што сега е приоритет на Министерството за информатичко општество и (од пред година дена) администрација. Но, секако дека неизбежно беше и прашање за PayPal при крајот на интервјуто. Еве што беше споделенo:
„Ние со Пејпал сме во постојана комуникација, се уште останува на тоа дека Македонија е на приоритетната листа, сега ќе видиме кога точно ќе биде затоа што во изминатиот период имаа промена на извршниот директор за југоисточна Европа… Од аспект на наша страна легислативата е потполно изменета, Народна банка ги измени своите правилници кои требаше да ги измени и очекуваме додека одлучи Пејпал утре да влезе, утре може да функционира во Македонија.“
Подолу е целото интервју во кое ИТ министерот додаде дека за развој на е-трговијата е потребно да се ангажира и приватниот сектор.
Lele voj pak pocna za paypal. Do lani pocnuvaa so lazenjeto obicno pri kraj na godinata, od godinaa porano si ja fatija. Do koga…?! :))