NASA ќе лансира сателити кои ќе работат на Android телефони

во Свет

NASA ќе лансира мини сателити кој ќе бидат опслужувани од Аndroid телефони. Телефоните кои ќе се користат ќе бидат Nexus S произведен од Samsung и Nexus One на HTC. Идејата зад проектот наречен PhoneSat е во Орбитата да бидат лансирани најевтини можни сателити, но и сателити кои ќе бидат наједноставни за конструкција. Изработени се два сателити, 1.0 со Nexus One и 2.0 со Nexus S.

Телефоните ќе се користат во целост, а нивните сензори ќе служат за одредување на положбата на сателитот. Камерата ќе се користи за набљудување на Земјата. Со цел сателитот да биде со минимална цена електрониката која ќе се користи ќе биде исто така стандардна која се продава во продавници за електронска опрема, а ваква е и опремата која ќе го ресетира телефонот во случај ако прекине да емитува сигнали.

Проектот е дел од поголема програма наречена Small Spacecraft Technology Program, а досега се извршени повеќе тестови со Nexus One при полетување на ракета, во термо-вакуумска комора, а извршени се и тестирања за отпорност на вибрации и отпорност на механички удари.

Лансирањето на двата сателити е најавено за првата половина на 2013. За во иднина целта на овие сателити е најавена во мисиите за испитување на Месечината, но и како евтина замена на сегашните сателити кои ја набљудуваат Земјата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments