Органот во Обединети Нации задолжен за стандардизација во областа на телкомуникациите го одобри 8К TV стандардот за емитување на телевизиска програма, пишува BBC. Преносите со 8К ќе бидат со 7680 х 4320 резолуција (33,2 мегапиксели) и ќе бидат појасни за 16 пати од сегашниот HD пренос.
UHDTV (Ultra High Definition Television) покрај резолуцијата ќе има и поголем фрејмрејт од 120 Hz, наспроти досегашните 25Hz. Покрај 8К стандарот ќе биде вклучен и помал 4К стандард со резолуција 3840 х 2160 пиксели.
Прв 8К пренос направи јапонската компанија NHK за Олимписките игри во Лондон. Според NHK новиот стандард ќе допринесе гледачите да се чувстуваат како да го гледаат преносот во живо. Со ова се согласни и гледачите Олимписките игри кои ја следеа програмата на BBC, a изјавуваат дека имале чувство дека се присутни на сите настани.
На 22 август LG ја најави продажбата на својот прв 4К телевизор, 84 инчниот 4К уред има астрономска цена од 22.000 долари. Сепак за сега оваа технологија ќе биде надвор од достап на корисниците, аналитичарите на Gartner за ВВС изјавија дека цената за 8K TV нема да падне под 10.000 долари пред 2025 година. До целосна имплементација на стандардат останувват уште многу проблеми од кој наголеми се брза компресија на податоците но и големи „складишта“ каде ќе се чуваат содржините. За корисниците најверојатно поинтересно е речиси непостоењето на содржини.







