На крајот на 2021 година NASA во партнерство со ESA и CSA ги лансираа Вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Телескопот регистрира инфрацрвено зрачење од далечни вселенски тела. Џејмс Веб може да детектира зрачење од објектите кои се настанати по големиот-прасок. „Џејмс Веб“ е најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба досега. Телескопот е 100 пати помоќен од неговиот претходник Вселенскиот телескоп Хабл.
Во првата година од неговото лансирање Џејм Веб веќе ни испрати импресивни слики, но ова е само почеток. „Откритијата ќе доаѓаат речиси подеднакво брзо колку што научниците ќе можат да ги анализираат податоците кои пристигаат. Започнува нова ера за астрономијата“, вели Technology Review кој го стави телескопот на листата 10 „breakthrough“ технологии за 2023.
Намената на телескопот е да придонесе во истражувањето на планети околу други ѕвезди, формирање на ѕвезди, маглини и куп други астрономски феномени. Дел од актуелните откритија кои се направени со помош на Џејмс Веб се 6 масивни галаксии, откривање на згуснати ѕвезди во еден од најстарите кластери во нашата галаксија и зголемување на брзината на следење на 75 miliarcseconds/second.
Последното открите на шест масивни галаксии може да го промени научното разбирање за креирањето на универзумот.
Накратко за Вселенскиот телескоп Џејмс Веб
Телескопот Џејмс Веб е најголем вселенски телескоп во досега. Изработен како заеднички проект на Националната воздухопловна и вселенска администрација (NASA), Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција. Развојот на телескопот започна уште во 1996 година. Проектот имаше повеќе доцнења, прекорачување на буџетите, и беше целосно редизајниран во 2005 година.
Самото монтирање на сегментните огледалата започна на крајот на ноември 2015 година, а монтирањето заврши во февруари 2016. Целата конструкција заврши на крајот на 2016, по што започнаа тестирањата. Во јуни 2018 по кинењето на сончевиот штит во текот на тестовите лансирањето е одложено. Конечно Џејмс Веб беше лансиран во декември 2021, а првите фотографии беа претставени на 11 јуни.
Примарното огледало на JWST е составено од 18 шестоаголни сегментни огледала. Огледалата се комбинираат за да креираат огледало со дијаметар од 6,5 метри. За споредба дијаметарот на огледалото на Хабл е 2,4 метри. Огледалото е изработено од берилиум покриен со тенок слој злато. Целата рефлективна површина е 25m2.
Џејмс Веб е замена за Хабл, а телескопот има поголема чувствителност и подобра резолуција од својот претходник. Телескопот може да детектира објекти кои се 100 пати побледи отколку што тоа можеше да го направи Хабл.
Кои се очекувањата
Астрономите се надаваат дека со откритијата на Џејмс Веб ќе може да откријат како настанале првите галаксии. Телескопот ќе може да понуди е нов увид во планетите од другите сончеви системи, и да дознаеме од што е составена атмосферата на овие планети.
Телескопот ќе овозможи да бидеме сведоци на раѓањето на нови светови, ќе долови нови детални слики од маглините, ќе донесе нови откритија од галаксиите.