Mozilla ќе продава Firefox OS телефони по 25 долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Mozilla продолжува со експанзијата на своите телефони, со најава дека во следните неколку месеци Firefox OS телефони ќе започне да продаваат во Индија по цената од околу 25 долари. Во моментов Mozilla ги продава Firefox OS телефоните во Европа (наскоро и во Македонија) и Јужна Америка. Сепак компанијата работи на проширување на пазарот и поголема достапност на телефоните насекаде.

Очигледно прв приоритет на Mozilla се пазарите на земјите во развој кај кој цената на телефоните е во прв план. На Mobile World Congress (MWC) 2014 година, Mozilla го објави своето партнерство со двата најголеми мобилни провајдери во Индија, Intex и Spice, а во Тајван потпишаа договор со Chunghwa Telecom најголемиот тамошен оператор.

„Intex е возбуден што може да го објави партнерството со Mozilla кое ќе ни овозможи да креираме исклучителни паметни уреди на Firefox OS. Платформата ќе ни даде предност при надградбата на кпуувачите од функционални телефони на паметни телфони, правејќи ги достапни на пазарот. Ова ќе овозможи нашите уреди да бидат повеќе од нов начин за користење на Интернет, но и да се ангажираме за развој на Интернет како мобилна платформа.“, вели Санџај Кумар од Intex.

Mozilla ќе го искористи MWC да презентира нови уреди со Firefox OS. Покрај досегашните уреди наскоро ќе се појават и ZTE Open II и ALCATEL ONETOUCH Fire E. Станува збор за телефони со двојадрен процесор кој на пазарот ќе се појават до летово.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments