Направете си ваша верзија на Wordle во Google Sheets со Sheetle

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Минатата недела, интересната игра со зборови Wordle беше на удар, не само што беше купена од NYT, но и поради фактот дека и Македонија си доби своја македонска верзија на Wordle, со име Зборле.

Доколку од некоја причина сакате да одиграте малку поразлична верзија на Wordle, би можеле да го проверите Sheetle. Да, да, и ние сме свесни за оригиналната игра на зборови со името; тоа е затоа што Sheetle е Wordle направен во Google Sheet.

Sheetle има малку поразличен изглед од Wordle, но замислата е идентична. Преку шест обиди пробувате да погодите кој е денешниот збор од пет букви. За да започнете партија, меѓутоа, потребно е да кликнете на копчето USE TEMPLATE. Добрата работа со Sheetle е тоа што можете да си преземете нова копија и да си ја менувате како што вие сакате. Имате апсолутна слобода кога се работи во имплементирање најразлични промени. Детално запознавање со бројните можности се нуди преку видеото на авторот кој стои за Sheetle.

Исто така, особено го препорачуваме и доколку сакате да добиете подобар увид во тоа како е всушност направен Wordle, но и подобро да се запознаете со потенцијалите на Google Sheets.

Во меѓувреме, зоштo да не одиграте и некоја партија на Зборле?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments