94 коментари 1 мин. читање

Зборле e Wordle, но на македонски

Wordle е веб сајт за сите љубители на зборови кои сакаат да ги размрдаат сивите ќелии и да пробаат да погодат некој збор од пет букви. Принципот е едноставен. Пишувате каков било збор од пет букви, на англиски. Потоа полето на буквите се бои, или во сива, или во зелена, или во жолта боја. Ако буквата е во сиво поле, тоа значи дека таа буква ја нема во зборчето кое треба да го погодите. Ако е во жолто поле, тоа значи дека буквата ја има, но местоположбата треба да ѝ се промени. Ако некоја буква се наоѓа во зелено поле, тоа значи дека сте и ја погодиле местоположбата и потребно е да се фокусирате на другите букви.

Звучи интересно, нели? Проблемот е во тоа што имате само шест обиди да го погодите замислениот збор, а тоа што зборовите се на англиски би можеле да претставува дополнителен проблем. Во тој случај, насочете го вниманието на Зборле. Зборле, е Wordle, но за македонски зборови.

Кликнување на прашалникот ви дава кратки објаснувања за играта, а кликнување на симболот со трите столбови дава статистички увид за вкупен број обиди, прецентуална успешност, моментална низа и најдобра низа.

Пријатно ловење зборови!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Forum replies (94)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

lynx

poweruser

3,722 пораки 3,574 лајк

Денешниот збор е „камин“.

одговори 1 Like

skullmonkey

poweruser

4,503 пораки 3,454 лајк

Дајте иос :)
Почесто ќе ја палат луѓе.

одговори Лајк

mviktors

user

1,144 пораки 1,719 лајк

Денешниот збор е „камин“.

Who hurt you?

Дајте иос :)
Почесто ќе ја палат луѓе.

Самата замисла на wordle е да биде наједонставно што може, еден ист збор за сите на 24h, веб верзија и без реклами/апликации за монетизација.

одговори 1 Like

Astro

sensei

10,187 пораки 16,307 лајк

Денешниот збор е „камин“.

Абе есхол.... :ROFLMAO:

И сеа шо? Толку беше? Само еден збор дневно?

одговори 1 Like

lynx

poweruser

3,722 пораки 3,574 лајк

Кој ви е крив што го отварате форумов пред зборлето.

одговори 2 лајкови

100JKO

hello world

428 пораки 1,090 лајк

Малце хакирање.
React Developer Tools симнуваш, Inspect Element -> Components и ете го „зборлето“ денес што е дадено.
1643457111697.png

одговори 7 лајкови

nashio

lurker

768 пораки 1,052 лајк

Малце хакирање.
React Developer Tools симнуваш, Inspect Element -> Components и ете го „зборлето“ денес што е дадено.
Погледнете го атачментот 109306

Ради вакви ко тебе немаме ништо убо во државава :ROFLMAO:

одговори 12 лајкови

lynx

poweruser

3,722 пораки 3,574 лајк

Да ти кажам право не ни ми текна на такво нешто. Прво пишав авион погодив три букви, и од втора ми текна камин.

одговори Лајк

skullmonkey

poweruser

4,503 пораки 3,454 лајк

Who hurt you?

Самата замисла на wordle е да биде наједонставно што може, еден ист збор за сите на 24h, веб верзија и без реклами/апликации за монетизација.

Дајте иос! Клик на икона, мозг, “задоволна фаца”, терс денот…
Едноставен хтмл врапер ќе заврши работа.

одговори Лајк

petkotrajko

poweruser

2,534 пораки 2,988 лајк

Дајте иос! Клик на икона, мозг, “задоволна фаца”, терс денот…
Едноставен хтмл врапер ќе заврши работа.

Па напрај го бе дама, 'ко е едноставно...

Испратено од телефоно.

одговори 1 Like

Metuzalem

Tootle Puffer

7,674 пораки 13,730 лајк

:devilish:

Содржината на спојлерот е скриена.

одговори 1 Like

Enquito

poweruser

2,635 пораки 1,799 лајк

Понекогаш е работа на погодување, јас сакам да почнам со OUIJA што е вид на табла за комуникација со духови и го има во речник па можам лесно да елиминирам самогласки.
Ова е вчерашниот збор така да не е спојлер

одговори Лајк

skullmonkey

poweruser

4,503 пораки 3,454 лајк

Па напрај го бе дама, 'ко е едноставно...

Испратено од телефоно.

Тоа е нивна работа. Ако јас го направам ќе им ја украдам идејата и апликацијата.
А знаеме дека тоа не е етички и фер...

одговори Лајк

Rikimaru

Даскал

3,598 пораки 6,031 лајк

5 букви се за пички xD

msedge_5OFgSbl2OR.jpg

одговори 1 Like

TylerMkD

poweruser

4,814 пораки 10,135 лајк

Малце хакирање.
React Developer Tools симнуваш, Inspect Element -> Components и ете го „зборлето“ денес што е дадено.
Погледнете го атачментот 109306

И што ти е поентата?

одговори Лајк

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top