Надополнето: YouTube собра $10.000 од изнајмување филмови

во Веб

Моментално оваа опција нуди само 5 филмови од Sundance и е само за корисниците во САД, но доколку се покаже успешна опцијата ќе се прошири бидејќи овој модел ќе му одговара на YouTube кои покрај тони и тони кориснички-генерирана содржина веќе подолго време се обидуваат да пренесат и телевизиска и филмска содржина

„Се што носи повеќе содржина за YouTube заедницата е добра работа. И правејќи ја таа содржина достапна за изнајмување им дава на нашите партнери [од филмската индустрија] огромна контрола за дистрибуирање на нивната работа – тие ќе можат да ја одредат цената на видеото и изнајмувањето и при тоа да задржат 100% од правата.“ пишува YouTube во блог пост.

YouTube вели дека оваа опција е добра и за големите филмски студија, но и за помалите независни филмаџии кои често ги објавуваа своите филмови на видео сервисот, при тоа надевајќи се на голема гледаност за да привлечат одредена реклама.

“>Надополнето 03.02.10: YouTube собра 10.000 долари од изнајмување филмови

YouTube успеа да собере само 10.709 долари од експериментот со издавањето на петте независни филмови од Sundance фестивалот.

Бидејќи се работи само за независни филмови можеби е разбирливо што не привлекоа толкава популарност. Од друга страна по 4 долари од филм значи дека петте филмови кои беа достапни за изнајмување биле гледани вкупно 2.684 пати, релативно мала бројка кога се работи за YouTube.

Интересно Крис Дејл, портпаролот на YouTube изјави за NewYorkTimes дека овој нивен прв експеримент со изнајмување на филмови всушност донел позитивни резултати.

„Ова ги надмина нашите очекувања. Шансите се секогаш против независните филмаџии. Ова им овозможи да допрат до поголема публика. Неколку стотини луѓе ги гледале на Sundance додека со YouTUbe тие можеби ја дуплирале публиката“ вели г-дин. Дејл.

YouTube во моментот не изнајмува веќе филмови, но портпаролот на видео сервисот вели дека таа опција е отворена доколку се најдат студија на кои има се допаѓа моделот на изнајмување.

Подолу е трејлер од „the Cove“ кој беше изнајмен над 1.105 пати (половина од вкупното изнајмување).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments