0 коментари 2 мин. читање 12 август, 2022

Пребарувајте YouTube коментари и транскрипти со YCS

YTS или YouTube Comment Search е алатка која ви дозволува да пребарувате низ целиот оддел со коментари под одредено YouTube видео.

Порано или подоцна, сигурно ви се случило да сакате да најдете нешто во коментарите. Не се сите глупави коментари, напротив, некои знаат да бидат особено информативни, но рачното чешлање низ сите коментари е здодевно.

Како екстензија која се вклопува во вашиот Chrome или Firefox прелистувач, YouTube Comment Search ќе ви помогне да го најдете тоа што го барате за секунда. Имено, екстензијата вметнува целосно нов оддел под плеерот кој ви кажува колку коментари се оставени и ви дозволува целосно да ги пребарувате така што ќе го пишете таргет зборот. Згора на ова, можете да ги прикажувате коментарите според датумот и времето кога се напишани, според бројот на лајкови и одговори, како и да бидат поставени коментарите на креаторот на видеото.

Дополнително, YouTube Comment Search ви дозволува да ги пребарувате и преписите, односно транскрипциите кои се врзани со видеото и инстантно да скокнете до оној дел од видеото кога се спомнува зборот. Ова опција е скриена во паѓачкото мени кое е веднаш до полето за пребарување. Од понуденото, потребно е да изберете Trpt video.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top