Среќен 11 роденден Google

во Веб

{mosimage} За само 11 години Google од обичен интернет пребарувач стана светска сила со амбиција да ги индексира сите информации во светот. Таа сила вчера го збуни светот со погрешно напишаното лого Googlle што всушност беше едно од doodle логоата на
Google со кој го одбележија единаесетиот роденден.

Иинтернет гигантот го одбра 27 септември како датум за прославата, иако според некои правиот роденден е на 15 септември бидејќи тогаш во 1998 е регистриран google.com доменот, додека пак според Wikipedia компанијата е основана на 8 септември 1998 година.

За Google целиот месец е роденден.

„Google ги отвори вратите во септември 1998. Точниот датум кога го прославуваме нашиот роденден се промени низ годините, зависно од тоа кога луѓето сакаат да јадат торта.“ вели гигантот.

{mosimage}

Звучи наивно, но искористувајќи и потпомагајќи ја технолошката револуција Google стана најпознатиот бренд во светот. Според BrandZ Top 100 извештајот
Google е првиот светски бренд кој вреди над 100 милијарди долари.

Светска доминација за само 11 години? Покрај индексирањето на целиот интернет, друг поголем проект на гигантот е дигитализација на сите книги во светот, една дигитална џиновска библиотека. Расправата со авторите е во тек, но ако му успее проектот, Google ќе ги има сите сегашни, минати и идни информации и знаења.

Но, без страв :). Успехот на Google се должи на нивното мото „не прави зло“. Без корисниците и нивната доверба Google ќе беше само Backrub.

Историјата на Google можете да ја погледнете тука низ интерактивниот „времеплов“.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk