{mosimage}(14.04.2009) Неодамна Digg.com објави тулбар Diggbar врзан за линковите од сајтот, кои изворот на линкот го ставаат во рамка и ја скратуваат URL адресата. Meѓутоа овој тулбар предизвика многу негодувања и критики. Првaтa забелешка е дека врамување на други сајтови не е фер, а втората бидејќи скратениот URL може да прави проблеми со индексирањето на оригиналните сајтови на интернет пребарувачите, а воедно и скратената адреса започнува со „Digg.com“, рандом пример: http://digg.com/d1oZOD, што, според критичарите, ги нарушува авторските права.
„Кога го викаме ‘врамување на нечиј сајт’ тогаш сите се сложуваат дека е ‘булшит’. Кога го викаме Diggbar тогаш е Веб 3.5“ вели Џон Грубер од блогот DaringFireball, кој објави специјален сајт каде кратко со „Diggbar e булшит“ го критикува потегот на Digg.
„Digg сака да изнервира многу луѓе кои едноставно ќе престанат да го користат сајтот“ вели Клинт Екер од ArsTechnica кој е изреволтиран бидејќи според него скратената URL на Digg го одвлекува вниманието на корисниците од оригиналниот извор на содржината.
Од другата страна тулбарот e интересна алатка за сите Digg корисници, а според популарниот сервис алатката е направена токму за нив, за да ги враќа посетителите назад кон Digg наместо само да ги праќа кон оригиналните статии.
„Го стартувавме Diggbar за да го подобриме вкупното Digg искуство и да понудиме подобри алатки за споделување. Ќе продолжиме да правиме промени основани на фидбекот од корисниците и со тоа ќе го развиеме продуктот“ рече Крис Хауард, директор за продукти на Digg.
Еве кратко инфо за Diggbar:
Проблемот е што Digg функционира на содржина од други извори и нејзината „контрола“ и објавување реклами на Digg врз нечиј друг сајт претставува проблем. Најверојатно ќе се дискутира уште и ќе видиме што ќе се случи со „фидбекот од корисниците“ и како потенцијално корисниот Diggbar ќе се развие. Врамувањето сепак не е ништо ново, рамка може да најдете и на линковите објавени преку Facebook, и уште многу сајтови како и на Time.mk, агрегаторот на македонски вести.
Инаку Digg е сајт/сервис на кој корисниците закачуваат интересни линкови од вести, блогови, статии кои подоцна добиваат рејтинг и популарност. Бидејќи содржината не е на Digg, кој е само кориснички-генериран агрегатор на вести, со кликањето на некој линк Digg ве праќа кон изворот, односно сајтот со оригиналниот текст. Според различни информации Digg го посетуваат околу 20 до 40 милиони луѓе месечно и испраќањето на тие корисници на оригиналните сајтови ги прави создавачите на содржина среќни. Македонска верзија на Digg е Kajmak.ot.mk.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
Надополнување 17.04.2009:
По критиките Digg смени неколку опции на својот тоолбар. Сега Diggbar-от нема да се појавува на нерегистрираните Digg корисници.
„Со целиот позитивен фидбек, ние чувме и неколку критики кои ги разгледавме сериозно. Направивме неколку важни измени кои ќе бидат имплементирани во наредните недели:
1. Нов третман во однесувањето на кратките URL на Digg. Сите анонимни корисници, на сајтот или преку линкови ќе бидат директно испратени до оригиналната содржина со постојаното пренасочување (301), без тулбар, право до сајтот. Сите логирани корисници кои не ја одбрале таа опција ќе продолжат да го гледаат(200).
2. Затоа што сакаме да се осигураме корисниците да имаат најдобро искуство DiggBar ќе се појавува кај вас секогаш кога ќе бидете логирани на Digg. … Сакаме да ја имате опцијата лесно да го исклучите тулбарот“ пишува на блогот на Digg.
Инаку според Digg „скоро 45% од сите „копања“ се случуваат преку Diggbarot и над 25% од сите корисници на тулбарот отриваат нова содржина која не би ја нашле без опцијата „слични“ содржини која е на тулбарот“.






