Надополнето: Кутчер го победи CNN до милион следбеници

во Веб

{mosimage}(16.04.2009) CNN вчера го купи и презеде контрола над Twitter профилот @CNNbrk кој досега беше одржуван самоиницијативно од страна на Џејмс Кокс и на кој се пренесуваа на кратко важните вести објавени на сајтот на CNN. @CNNbrk моментално е најпопуларниот профил на сервисот за микро-блогирање, со повеќе од 950.000 следбеници.

Од компанијата потврдија дека вчера и официјално презедоа контрола над @CNNbrk но не преку аквазиција туку преку најмување на Џејмс Кокс како консултант кој ќе и помогне на компанијата да го оддржува профилот и истовремено ќе оддржува работилници за друштвени медиуми на вработените.

Се чини дека CNN во последно време го сфати потенцијалот на Twitter и веќе имаат над 45 Twitter профили со вкупно 1.3 милиони следбеници. Овој дополнителен профил на сајтот може да му донесе илјадници нови посетители доколку во постовите бидат вклучени и линкови до сториите, досега се објавуваа само кратки вести без линкови.

Интересна вест поврзана со профилот на @CNNbrk е предизвикот на актерот Аштон Кутчер за тоа кој од нив побрзо ќе дојде до бројката од 1 милион следбеници. Кутчер (@aplusk) додека ја пишувам оваа вест има 933.583, а @CNNbrk 955.322 следбеници. Актерот преку видео објавено на YouTube соопшти дека доколку тој стигне прв до бројката од 1 милион следбеници, лично ќе отиде во Атланта и ќе заѕвони на вратата на милијардерот Тед Турнер, создавачот на CNN, и ќе избега оставајќи зад себе милион колачиња или нешто слично…

Познатиот водител кој има свое шоу на CNN, Лери Кинг дополнително го предизвика Кутчер тврдејќи дека тој сам неможе да победи цела една мрежа и дека е спремен да учествува во било каква игра поврзана со Twitter која актерот може да ја смисли:

За да докаже дека работите излегоа целосно од контрола и дека во светот владее Twitter-манија, познатиот произведувач на видео игри Electornic Arts (@EA), на својот Twitter профил соопшти дека ќе го награди човекот кој ќе биде милионитиот следбеник на Кутчер со доделување на улога во играта Sims 3 и подарување на копија од секоја игра која ќе биде направена од нив во 2009 година.

{mosimage}

Дури и Wolverine, т.е. актерот Хју Џекман (@RealHughJackman) е присутен на Twitter и е спремен да даде 100.000 долари на една непрофитна организација која ќе биде предложена од еден од неговите 50.000+ следбеници…

Се чини дека Twitter сцената станува доста интересна откако познатите ѕвезди почнаа да го користат сервисот… останува да видиме што ќе се случи и кој ќе биде првиот профил на Twitter со милион следбеници. :)

Надополнување 17.04.2009:
Акторот Аштон Кутчер е првиот Twitter корисник кој има повеќе од 1.000.000 следбеници. Бројката од милион беше надмината околу 8:14 часот. Профилот на @CNNbrk во моментот кога Кутчер стигна до целта имаше 998.280 следбеници.

{mosimage}

Доколку Кутчер си го одржи зборот (би било огромна срамота ако не го направи тоа) ќе треба да подари над 10.000 мрежи за кревети кои служат за заштита од маларија во афричките земји. Дополнително, тој исто така ќе мора да го одржи ветувањето кое го даде во врска со основачот на CNN.

Младиот актер утре ќе биде гостин во шоуто на Опра каде што ќе разговара за ова што му се случи и каде што Опра ќе го објави првиот пост на нејзиниот Twitter профил. Таа го најави Кутчер како "крал на Twitter". Што е поинтересно во врска со шоуто на Опра и Twitter е тоа што утре се очекува бројот на корисници и посетители на Twitter драстично да се зголеми, од причина што познатата водителка има доста лојална публика која без размислување ќе започне да ги следи нејзините активности на сервисот за микро-блогирање.

Овој чекор на Кутчер го привлече вниманието и на голем број други холивудски ѕвезди кои несомнено во иднина ќе се обидат да се промовираат и самите преку сервисот. Од сето ова се чини дека ѕвездите добија Twitter-манија. :))



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments