{mosimage}(04.03.2009) По 13 милиони разгледани видеа од музичари од различни делови на светот, YouTube си го склопи својот симфониски оркестар со 90+ музичари кои на 16 Април ќе настапат во познатата концертна сала Карнеги, во Њујорк. Натпреварувањето на YouTube беше објавено во декември, а на 14 Февруари околу 300 видеа беа поставени на видео сајтот за корисниците да ги изберат најдобрите.
Сега околу 90 аматери и професионални музичари од 30 различни земји водени од диригентската палка на Мајкл Тилсон Томас ќе го одржат завршниот концерт на кој ќе ја изведат интернет симфонијата "Eroica" напишана од Тан Дун, познат диригент награден со Оскар, на самитот за класична музика кој ќе се одржува од 12 до 15 април во Карнеги Хол.
Надополнување 16.04.2009:
Симфонискиот оркестар кој беше избран преку YouTube составен од 96 музичари од 33 земји ја изведе и првата манифестација во салата Карнеги во Њујорк, оставајќи зад себе огромен аплаус и воодушевена публика. Во глобалниот оркестарот имаше музичари на возраст од 15 до 55 години.
Конечниот изборот на составот беше извршен од Мајкл Т. Томас и инволвираше над 3.000 аудиции на музичари од 70 земји кои првично ги покажаа своите способности преку објавување на онлајн видео. Избраните 96 лица добија платен авионски билет до Њујорк и платено три дневно сместување.
Нивната изведба е прикажана во следново видео:






