Надежта последна умира: Помина 24-ти, нема PayPal во Македонија

во ИТ.МК

„Во комуникација со PayPal знаеме дека предусловите се исполнети. Во следниот круг на земји кои ќе бидат вклучени ќе биде и Македонија, но тоа ќе зависи од PayPal. Не се работи за вклучување на една земја, туку на вклучување на група земји. Затоа условите треба да бидат исполнети од сите.“

Извор: http://www.it.com.mk/mio-objasnuva-preduslovite-se-ispolneti-no-paypal-odluchuva-koga-ke-vleze-vo-makedonija

</надополнување>

Кога сме кај надежта, Ebay уште во 2007 регистрирале домејн за #Paypal во Македонија http://t.co/yk52OkAq ping @itcommk
Sep 26 via webFavoriteRetweetReply

Кога на сајтот на PayPal пред неколку недели се појави нова листа со промени за надоместоците во наплаќањето во кои беше вклучена и Македонија. Ова даде надеж дека конечно, после најави уште од 2008-09-та година, во Македонија ќе може да се префрлуваат пари, купува и продава на Интернет преку популарниот финансиски сервис.

Денес е 26.09, два дена после најавениот старт на промените, и нема ниту збор за влегување на PayPal во Македонија. <Надополнето:> Сега датумот на стартување на промените за надоместоци на плаќањето е поместен на 11-то октомври. (tnx Даниел) </надополнување >

Всушност, ниту кога се појави листата пред две недели немаше ниту еден официјален извор да го потврди тоа. Министерството за информатичко општество како по обичај само најави соопштение кое се уште се нема случено, додека од PayPal тогаш рекоа дека тоа што Македонија е додадена е всушност грешка.

Пред некој ден на Сител се појави и ИТ министерот Иво Ивановски. Во таа вест се наведе дека „набрзо“ (без одреден датум) ќе може да се плаќа со PayPal. Но за примање пари… пааа… ќе требало да се почека „уште некоја година“. Ова значи дека најавената е-трговија е всушност еднострана, македонските корисници ќе нема да можат да продаваат свои добра.

Инаку, во Србија веќе на 22.09 беше најавено дека српската Народна банка објави соопштение дека нема препреки за PayPal да дојде во земјата и дека наскоро српските граѓани ќе можат да купуваат, наплаќаат и префрлуваат пари преку PayPal. Сепак и во Србија го нема PayPal сè уште.

Во меѓувреме членови на форумот на IT.com.mk, и од други форуми, велат дека е можно отворање PayPal профил преку НЛБ Тутунска Банка, но доколку се пријавите како да сте од Словенија. Ова беше изгасено претходно, се чини дека повторно функционира.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Abkanis
Abkanis
11 years ago

Без разлика на се досега кажаното момци, ништо од ПејПал во Македонија, едноставно невозможно е ние да сме поврзани или да се расправаме со толку деликатни работи. Поздрав! :)

Виктор
Виктор
11 years ago

Виктор, Даниел, ОП, како што проба да ви објасни Владимир, датумот не е променет, тој амандман е веќе во сила, додека на истиот линк е додаден нова амандман (за неповрзани промени) кој стартува од 11ти октомври.

Vladimir
Vladimir
11 years ago

Виктор/Даниел, каде е променет датумот на 11ти октомври? Јас колку што гледам, онаму каде што е спомната Македонија, датумот е се` уште 24ти септември, а тоа за 11ти октомври е сосема ново соопштение.
https://cms.paypal.com/ba/cgi-bin/marketingweb?cm

Viktor Dano
11 years ago
Reply to  Vladimir

Кај мене истиот линк од претходно ме води кон надополнувањето со датум 11-ти октомври. :S

JAs
JAs
11 years ago

како што ми направија мене пред 2-3 недели:D

Meto
Meto
11 years ago

Ova so sloveneckiot profil preku NLB ne funkcionira. Posle izvesno vreme ke ti pobaraat fotokopija od licni dokumenti i adresata nema da se sovpadne neli? Profilot ke ti go blokiraat i tolku od taa prikazna

Даниел Димов

vo listata e promenet datumot, sega e 11 Oktomvri…