0 коментари 2 мин. читање 29 октомври, 2013

На Nordeus му се приклучува дизајнерoт на Ubisoft, Пол Бејкер

Српскиот стартап Nordeus, познат по својата игра Top Eleven, кој од неодамна отвори свои канцеларии и во Скопје, денес објави дека во нивниот дизајнерски тим им се приклучува Пол Бејкер. Се работи за дизајнер со над 20 годишно работно искуство во неколку големи и познати компании, како Ubisoft, а во еден период беше и директор на Iamantisocial Entertainment кои развиваат друштвени игри за мобилните уреди.

„Возбудени сме што Пол ќе биде дел од тимот на Nordeus. Сигурни сме дека неговото долгогодишно искуство ќе ни помогне да ги разбереме корисниците, како и да развиваме подобри мобилни и друштвени игри за нашите фанови”, вели Милан Џукич од Nordeus, за Netokracija.

Од другата страна, Пол Бејкер е среќен што ќе се приклучи да работи во еден таков тим што го има Nordeus. Тој е импресиониран од посветеноста на работата на луѓето во Nordeus, а своето долгогодишно искуство ќе го искористи за да ја зацврсти водечката позиција на Nordeus во индустријата на игрите.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top