Друштвената мрежа за споделување на аудио и музика, SoundCloud, месечно има повеќе од 250 милиони активни слушатели, објави основачот Александар Љунг на денешниот негов настап на TechCrunch Disrupt Europe. На настапот беше најавено и дека SoundCloud нуди и интегрирање на Instagram од каде што на корисниците им овозможува да ги зимаат фотографиите како кавери на албумот.
„Ние имавме навистина добра година, растевме премногу брзо – Ние сме аудио платформата на веб”, вели Љунг. „Во било кој час, ние сме користени во скоро секоја држава во светот.”, додаде тој.
Г. Љунг зборуваше и за клучниот елемент што помогнал во растењето на SoundCloud, а тоа е воведувањето на различни премиум претплати. „Големата промена што ја направивме е таа што од четири различни нивоа на кориснички сметки, намаливме на две нивоа и во моментот тие имаат сличен број на корисници. Кога имате премногу опции, имате повеќе работа. Но, ние сакавме да го поедноставивме тоа и да се фокусираме на растот и поврзувањето, наместо на заработката.”







