МТЕЛ е нов мобилен оператор во Македонија

во ИТ.МК

МТЕЛ е најновиот телеком оператор кој ќе се обиде да го освои македонскиот пазар за мобилна телефонија и интернет. Компанијата која е членка на групацијата Телеком Србија, на македонскиот пазар влезе пред околу една година со својата телевизиска понуда.

Операторот на своите клиенти ќе им понуди при-пејд и пост-пејд договори. За своите броеви ќе го користат префиксот 073, а телефонијата ќе оди преку мрежата на А1 Македонија. Во Македонија МТЕЛ веќе има 80 вработени, а во периодот кој следи најавуваат зголемување на оваа бројка.

Според најавата МТЕЛ на своите корисници покрај одделните услуги ќе им понуди пакети од телевизиска програма и телефонија. Пакетите со телевизиска програма ќе бидат достапни за сите претплатници, без разлика дали се на пост-пејд или на при-пејд претплата. Дополнително корисниците на МТЕЛ ќе добијат пристап до апликациите mPlay TV и Balkan МYusic.

„Нè издвојува доброто познавање на деловните активности во овој регион, бидејќи нудиме услуги и ексклузивни содржини преку мултимедијални платформи на целото подрачје, од Македонија до Словенија. Од Мтел во иднина треба да очекувате нови инвестиции, отворање на нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери. Телеком Србија во овој момент е во голема експанзија. Додека овде почнуваме да нудиме нови услуги, истовремено ги прошируваме активностите на нашите компании на подрачјето на Европа, како неодамна во Швајцарија, а планот е наскоро да бидеме присутни и на пазарите во Германија и САД“, вели Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија.

МТЕЛ е дел од групацијата Телеком Србија. Во Македонија работат од јули 2021 година. Телеком Србија има над 11 милиони корисници на неколку пазари во регионот, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и сега Македонија. Сателитските канали на МТЕЛ ги следат над 100 000 гледачи од Европа, САД, Канада. Во Македонија МТЕЛ е 6-ти мобилен оператор по А1 Македонија, Македонски Телеком, Lycamobile, Телекабел и Green Mobile.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments