0 коментари 1 мин. читање

Мozillа не отстапува од идејата да пласира реклами во Firefox

И покрај незадоволството од корисниците, Mozilla продолжува да тестира начини како да вметне реклами во почетната празна страна на Firefox. Идејата е да се сугерира содржина на Mozilla и партнери, но и спонзорирани сајтови, без Firefox да „се претвори во хаос од логоата продадени на најголемите огласувачи“, вели потпретседателот на Firefox, Џонатан Најтингејл во блог пост.

Засега компанијата само експериментира со начини како да пласираат реклами преку новите табови, и тоа тестирање ќе продолжи со раните верзии на прелистувачите. Штом се најде решение, ќе следат преговори со огласувачи кои ќе додадат „вредност за корисниците“, што е уште еден термин да не се каже „рекламирање“. Рекламите во Firefox ќе бидат нов извор на приходи на компанијата која 97 отсто од парите ги прави од договорите со пребарувачите кои се достапни преку Firefox.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top