Обединетите нации ќе дискутираат дали роботите-убици го разбираат меѓународното право

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Оваа недела ќе се одржи првата конвенција под покровителство на Обединетите нации, на која ќе се говори за роботите со автономна функција „уби“ која овозможува роботите самите да селектираат и да напаѓаат мети без потреба од човечка интервенција. Средбата ќе се oдржи во склоп на конвенцијата на Обединетите нации за Certain Conventional Weapons.

Дел од експертите сметаат дека алгоритми кои ќе овозможуваат роботи убијци треба да бидат целосно забранети. Засега не постои технологија која би им овозможила на роботите автономно да ги бираат своите цели и да одлучуваат без човечка интервенција, но брзиот развој на технологијата несомнено ќе донесе ваква можност. „За автономни вооружени платформи не постои гаранција дека ќе се однесуваат според меѓународното право. Нациите, не зборуваат едни со други за ова, тоа претставува голем ризик за човештвото“, вели eкспертот за роботи, Ноел Шарки, за BBC.

Подржувачите на оваа идеја пак сметаат дека не е потребна забрана, но во моментов е потребен мораториум за развој на вакви машини. Идејата зад ова мислење е дека во иднина ќе постојат поусовршени алгоритми кои ќе овозможат намалување на жртвите кај цивилното население. „Роботите убијци ќе можат подобро да одлучат кога да се нападнат луѓето отколку луѓето и постои потенцијална можност да го прават ова со повеќе внимание“, вели експертот за роботика, Роналд Аркин. Конференцијата ќе се одржи во Женева од 13 до 16 мај, а дисусијата ќе ја предводат токму професорите Ноел Шарки и Роналд Аркин. Средбата ќе биде под раководство на Францускиот амбасадор, Жан-Хјуз Симон-Мишел.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments