0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2013

Mozilla ја претстави алатката за соработка во реално време TogetherJS

Заедничко уредување во реално време не е ништо ново во веб просторот, но тоа во моментот е возможно само на неколку сервиси кои се специјализирани за тоа, како на пример Google Docs или Zoho. Но, Mozilla сака да ја направи соработката достапни за сите со својата нова JavaScript библиотека, TogetherJS. Се работи за HTML5 базирана алатка за заедничко уредување која искуството од Google Drive може да го примени на било која веб страница.

Покрај можноста за заедничко уредување на елементите на одредена веб страница, TogetherJS овозможува и алатка за комуникација која им овозможува на партиципантите да комуницираат преку текст и аудио. Начинот на кој можете да ја имплементирате оваа алатка во вашиот веб проект можете да го прочитате овде, додека во продолжение е листа на сите можности што ги нуди TogetherJS.

  • Следење на движењето на курсурот на останатите членови;
  • Следење на тоа кои страници ги посетува одреден корисник (страници на моменталниот веб-сајт, не тоа што тој го посетува во прелистувачот);
  • Текст чет;
  • Аудио чет преку WebRTC;
  • Синхронизација со полиња на форми (текст полиња, полиња за селектирање и сл.);
  • Пуштање/паузирање/следење на видеа;
  • Продолжување на сесиите низ повеќе внатрешни страници на страницата.

[youtube]hJEq4W0FZQ0[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top