0 коментари 2 мин. читање

Adidas претстави паметен часовник кој ја следи работатa на срцето

Германската компанија за спортска опрема Adidas го претстави својот паметен часовник. miCoach SMART RUN доаѓа со екран на допир и монитор за работа на срцето кој го следи пулсот на корисникот. Со оглед на тоа дека пред се е наменет за трчање не изненадува GPS локаторот со кој доаѓа часовникот. За разлика од останатите паметни часовници miCoach нема да поддржува апликации од трети производители, но сепак доаѓа со голем број сензори и mp3 плеер и Bluetooth подршка за слушалки. Апликции за часовникот, ќе можат да користат сопствениците на Android, iOS и Windows Phone телефони.

[youtube]FRdPidEXSY0[/youtube]

Со оглед на тоа дека станува збор за специјализиран уред чија таргет група пред се ќе бидат тркачите, се чини дека единствеа конкуренција на Adidas им е Fuel лентата од Nike. Предноста во моментов изгледа дека е на страната на Adidas чиј уред има можност за слушање музика, поддршка за повеќе оперативни системи, 14 дена времетрање на батеријата и, за разлика од најголем број на конкурентите, не е зависен од интеракцијата со пометните телефони.

Покрај Nike и Adidas, свој фитнес уред на пазарот подолго време има и Motorola. MotoActv GPS е паметен часовник кој поседува GPS, а дури и препорачува плејлиста додека корисникот трча. За разлика од конкурентите Motorola на големо го користи Android што овозможува поголема флексибилност, иако недостаток е непостоењето на сензори кои го мерат пулсот и помагаат за креирање на програма за трчање.

[youtube]heHji2at0e8[/youtube]

„Уредите кои во моментов се достапни на пазарот привлекуваат мал број на корисници, но какошто влегуваме во ерата на мултифункционални паметни часовници, се очекува да станат се попривлечни… Веруваме дека Apple, Google и Microsoft ќе креираат уред кој во себе ќе има интегрирано функционалност на фитнес тракер, дигитално портмоне, но и многу други опции. Да бидеме искрени пазарот сè уште чека неодолива апликација.“, вели аналитичарот Нитин Бас за BBC.

Сепак се чини дека за специфилната примена кој ја има секој од уредите сепак доаѓаат со малку превисока цена. Fuel е најекономичен и чини „само“ 150 долари, miCoach доаѓа за 400 долари, а Motoactv и покрај тоа што е стар веќе две години сепак чини 180 долари.

[youtube]dG0vLFFtZDs[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top