1 коментар 2 мин. читање 17 октомври, 2013

Апликација на денот: Phonly е одличен Feedly клиент за Windows Phone 8

Бидејќи голем број на сервиси сè уште немаат свои официјални апликации за Windows Phone 8, често развивачите се одлучуваат да направат клиент-копија кој би ги задоволил потребите на корисниците. Како за Instagram, Vine и другите, така и за Feedly постои клиентот за Windows Phone 8. Се вика Phonly, и не нуди ништо помалку од официјалната Feedly апликација за iOS или Android.

За да можете да го користете овој сервис, потребно е да имате сметка на Feedly или со неколку чекори можете да се регистрирате и преку самата апликација. Исто така, апликацијата е едноставна за користење, па со еден клик можете да додавате нови извори, да ги споделите со вашите пријатели на друштвените мрежи или пак да зачувате одредена статија за подоцнежно читање.

Постои и таб Today во кој се прикажуваат сите новости од тековниот ден и лесно можете да бидете во тек со најновите случувања. Покрај главната лента со новости, слободно можете да читате новости од одредени извори или пак од одредена категорија. За да означете некоја новост како прочитана, притиснете врз одредената вест и задржете неколку секунди, при што можете да ја изберете посакуваната акција.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Христијан
Христијан
12 years ago

Фала ти пријателе баш тоа шо го барам…… Продолжи со добрата работа… Овие постови за апликациите шо ги постираш се многу корисни. Поздрав

Мени
Заедница
Изглед
To top