Ќе има ли 1 милион македонски корисници на Facebook во 2012-та?

Иако растот на Facebook, кој сега има околу 800 милиони корисници, се забавувува во развиените земји како Британија или САД, сепак постојат нови пазари ширум светот кои ќе привлечат повеќе корисници, вели британската компанија за интернет маркетинг iCrossing.

Според нив, Facebook ќе стигне до неверојатното достигнување од 1 милијарда корисници во август 2012. За потсетување, друштвената мрежа е стартувана пред само осум години.

Mилион Facebook корисници од Македонија?

Што се однесува до Македонија, постои можност во 2012-та да видиме на Facebook да се „закачат“ 1 милион корисници од Македонија. Моментално има 878.660 кориснички профили, но се забележува заситеност бидејќи има само 1.166.480 интернет корисници во земјава, според Заводот за статистика.

Забавувањето на растот на Facebook во Македонија се забележа уште пред една година. Во октомври 2010 имаше 742.000 корисници од Македонија. Претходната 2009-та година во декември имаше 458.000 корисници. Тогаш, пред 2 години Facebook имаше „само“ 350 милиони корисници.

На 23 април 2011, кога Facebook стигна до 700 милиони корисници, имаше 847.000 македонски корисници. Ова значи дека за цели 9 месеца, наместо Facebook да расте со сто илјади македонски профили како што се забележа во претходните две години, има пораст од само 30.000 нови профили.

Оваа бројка секако ќе порасне, но со поспоро темпо. Од сегашниве 878.000 до милион фалат уште 120 и кусур илјади. Со сегашново темпо тоа може да значи дека ќе ни требаат две години за да се стигне до милион Facebook корисници од Македонија? Тоа значи дека неверојатни 50 отсто од граѓаните ќе бидат на друштвената мрежа.

Секако, тоа најмногу ќе зависи од поврзување со интернет. Ако во 2012-та видиме повеќе поврзани корисници, повеќе од само 55 отсто од домаќинствата кои имаат интернет, тогаш сигурно е дека тие корисници ќе отворат и Facebook профил, и со тоа ќе видиме 1 милион македонски Facebook профили.

Напред Македонијо!?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Некој
Некој
12 years ago

ФБ е најголема дебилштина што некогаш е измислена. Немам профил, и никогаш нема ни да имам. Пола луѓе што ги знам, им ги имам видено профилите, и од сите глупости што ги постираат, и сите слики на кои се “откачени“, ми се гади. Имам чувство дека не ги познавам повеќе…

Branko
Branko
12 years ago

Aku se pametni ke otvorat profil na google PLUS ;)

bbb
bbb
12 years ago

Zosto napred Makedonijo?
A zosto vie mislite deka sekoj vo MK e degenerik i mora da ima profil na F

Zoran
Zoran
12 years ago
Reply to  bbb

Potpolno si vo pravo.
luge koi nemaat idea kako da si go ispolnat vremeto.
Pokraj tolku nesta sto mozat da se naucat na internet , da se sedi na F i da se dengubi e GOLEMA STETA za sekogo.