Што се случува кога ќе сакате да комбинирате длабока стратегија во дводимензионално графичко опкружување? Од студиото кое е најдобро познато по Dark Quest серијалот ни доаѓа одговорот на оваа прашање. Со играта Monarchy, Brain Seal се труди да го размрда жанрот со стратегии така што ќе ви дозволи да собирате и користите најразлични ресурси за да градите база, тренирате армија и освојувате нови пространства.


Храбри нови освојувања
Monarchy е магична игра полна со механики кои одлично функционираат. Вие, како крал или кралица, имате за задача да го ширите вашето кралство. За да успеете во мисијата ќе биде потребно да гради база, да управувате со ресурси да истражувате шаренолик свет низ неколку сезони и да ставите крај на вашите непријатели. Звучи како секоја втора стратегија, нели? Освен што Monarchy е во дводимензионална, сајдскролинг димензија. И голем дел од акциите се автоматизирани. И се е неодоливо слатко и апсолутно забавно!
Првенствено, следени сте од само еден стрелец. Стрелецот со задоволство ќе тркча по вас и ќе ги напаѓа животните, пружајќи ви одлични можности за собирање злато. Со златото ќе можете да градите структури насекаде низ мапата. Секоја од структурите ви пружа уникатни можности, како тренирање најразлични единици. Некои од овие единици се добри за една работа, а некои за друга. Откако ќе соберете импресивна армија, ќе бидете охрабрени да истражувате се подалеку и подалеку. Како што напоменавме, вашата контрола е само над кралот. Каде се движи кралот, т.е. вие, таму се движи и целата армија, автоматски користејќи ги сите офанзивни можности за издвојување победа.

Низ светот ќе наидувате на селани и ако им фрлите злато, тие со задоволство ќе се приклучат на вашата цел. Кога ќе одредите да се направи нешто, треба да инвестирате злато, а потоа да почекате селанец да дојде да ја направи структурата. Ако фрлите златик на дрво, селанец ќе дојде да го исече, враќајќи ви го златникот по завршување на работата. Ако го преморите коњот на кој јавате, ќе сака да застанете за да пасе трева. Ни се допаѓаат начинот на кои се реализирани сите вакви механики, доволно сменети колку да понудат поразлично искуство.
Но, не е се баш како што би сакале. Имено, нема сигнализација кога и од која страна се напаѓа вашиот камп. На почетокот, лесно може да заврши играта така што кампот ви е уништен додека вие во непосредна близина сте си истражувале. Исто така, би сакале да може да се откажат наредби за некоја градба, како и да се барем малку попаметни војниците кои ги водите. Но, и вака како е, Monarchy, успева да плени со уникатната формула. Најдоброто од се е тоа што не мора да навлезете во авантурата сами. Играта се одликува со одличен ко-оп режим кој е заснован на поделба на екранот. Иако е забавно самостојното играње, значително подобро беше кога екранот ќе се подели и со заеднички сили ќе имплементирате значајни стратегии.

Покрај кратката туторијал сесија, на располагање имате три уникатни кампањи, поврзани со годишни времиња. Bandit Land се случува во лето и ви наметнува задача да ги најдете сите бандити во пештерите и целосно да ги елиминирате. The Siege, од друга страна, ви дозволува да изградите моќен требушет и да го искористите за да го нападнете непријателскиот замок, во есенко руво, се подразбира. И, како за крај, Winter Knight се одликува со многу зимски тајни, принудувајќи ве да ги откриете сите нив, но и да пробате да ги преживеете предизвикувачките ноќни напади.

Низ целиот овој хаос, ќе можете да барате богатства, да правите и поставувате замки, да активирате уникатни надградби при секое преигрување. Monarchy е прекрасна мала инди игра која топло препорачуваме да ја проверите, особено доколку сакате малку поразлично стратешко искуство.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Brain Seal Ltd
- Издава: Brain Seal Ltd
- Жанр: стратегија
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 6 ноември 2024







