Одкако го проследив информативното видео на Мoirecepti.mk за тоа како да отворам профил, да внесете повеќе информации за себе и да се регистрирате, решив да не го направам тоа сè уште, бидејќи влегов на нивната интернет страна, наострен да најдам нешто вкусно, нешто што лесно се прави, и што можам да го зготвам на брзина.
Сајтот, сè уштево бета, има доста интересни рецепти. Тоа што е добро што освен што ги листа состојките, нуди и видео за како се припремува различната храна. Секој рецепт, заедно со листата од потребни состојки може да се симне во .pdf формат. Тоа ќе ви помогне да не пренесувате монитор во кујна, ниту да препишувате на хартија за да го споделите рецептот со пријател без интернет. Испринтајте и гответе. Сајтот исто така бара од корисниците да споделат свои рецепти. Кога требаше да се логирам за да ги споделам моите кулинарски вештини, едноставно се логирав преку Facebook.
Пристапот до рецептите се одвива преку главното мени, притоа ви се прикажува неколку различни класи на рецепти од кои можете да одберете тоа што ве интересира во моментот. Можете да одберете пребарувањето да филтрира рецепти што се подготвуваат тешко, или рецепти што се подготвуваат за триесет минути, баш тоа што го барав.
Ако сакате да бидете готвачка легенда, цели градови да ви се восхитуваат на вашата кулинарска способност и гурмански техники, скромните почетоци припаѓаат овде. Може да ги следите Moирецепти.мк и на Facebook или Twitter.
[youtube]Iq7gw_KVU0k[/youtube]







