Google ги манипулирал опциите за приватност на Safari за да ги следи iPhone и десктоп корисниците

Google и други компании ги надмудрувале опциите за приватност прелистувачот Safari за да можат да ги следат навиките на милиони корисници iPhone и декстоп компјутерите, пишува Wall Street Journal. Google користел специјален код кој го прелажувал пречистувачот да дозволи веб колачиња за следење и покрај тоа самиот прелистувач не го дозволувал тоа.

Google го изгаси кодот откако весникот ги контактираше.

Кодот е откриен од истражувачот Џонатан Маер од Standford, кој забележал дека рекламите на 22 од топ 100 сајтови го инсталирале кодот на тест компјутер, и 23 од сајтовите го инсталирале на прелистувач на iPhonе. Штом кодот ќе биде активиран, Google можел да ги следи корисници преку разните сајтови.

Google го користи кодот бидејќи Safari по зададено го блокира следењето на корисниците со веб колачиња, што е вообичаена пракса за следење на веб навиките на тие кои се логирани на Google профил. Иако Safari ги блокира веб колачињата, прелистувачот има пропуст во опциите за приватност бидејќи дозволува следење на сајтови со кои корисникот има интеракција, пример популнување на контакт форма. Кодот на Google едноставно го прелажувал Safari дека корисникот потполнува невидлива форма, по што инсталирал веб колаче кое трело од 12 до 24 часа.

„WSJ погрешно го протолкува што се случи и зошто. Ние користевме познати функционалности на Safari да обезбедиме опции што логираните Google корисници ги имаат вклучено. Важно е да се каже дека овие рекламни веб колачиња не собираат кориснички информации.“, вели Google во соопштение.

Интересно, кодот е контрадикторен со советите од сајтовите на Google за како да се избегне следење. Тој текст исто така е тргнат откако WSJ го контактира Google.

Сличен код се користел и од три други агенции за онлајн рекламирање: Vibrant Media, MEdia Innovation Group и PointRoll. Oд Vibrant Media одговорија дека нивните техники се хак на Safari за да работи како сите други прелистувачи кои не блокираат следење по зададено. Целта, вели Vibrant Media, една од топ 25-те американски рекламни мрежи, е да се добие уникатна идентификација на корисникот. И тие негираа дека собираат лични информации за корисниците како име или кредитни картички.

Од Apple се огласија дека работат на проблемот и се надеваат дека ќе го спречат манипулирањето со опциите за приватност на Safari.

Можно е ваквото однесување на Google повторно да го привлече вниманието на регулаторите од САД и ЕУ кои би можеле да спроведат и официјална истрага. Google само претходниот месец се спротистави и го одби советот на ЕУ да почека со воведување на новата полиса за приватност која ќе стартува на 1 март. Вакво фиаско со манипулирање на кодови за да се следат корисницит може само уште повеќе да ја разгневи ЕУ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk