0 коментари 2 мин. читање 16 април, 2014

Mобилното е мртво, вели главниот дизајнер на Android

За некој што работи на најпопуларниот мобилен оперативен систем во светот, можеби и не е баш разумно да каже на Accel Design конференција дека „мобилното е мртво“. Но, Матиас Дуарте, главниот дизајнер на Android ОС, го направи токму тоа, објаснувајќи дека апликациите и вебот комплетно грешат. Според него, дизајнерите треба да се фокусираат кон потребите на корисниците, не кон потребите на уредот и големината на екранот, што значи дека категоријата „мобилно“ е застарена идеја.

„Денес сите се опседнати со мобилното присуство. Разговорите за дизајн, за развој се околу мобилното. Но, мобилното сега како концепт е мртво“, вели г. Дуарте. „Мобилното имаше смисла кога имаше разлика од што правеа луѓето, кога беше ограничено со интернет и технологија; сега може да правите се што сакате, од 3Д гејминг на било кој екран, и иако може да видиме разлики од голем до мал екран, за повеќето луѓе, тие можат да го имаат истото искуство низ различни уреди.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top