Аpple, Google, HTC и Samsung се согласија да користат технологија против кражби на телефони

во Мобилни

Големите производители волонтерски се согласија да користат технологии против кражба на телефони за сите идни модели кои ќе излезат од следната година, поточно од јули 2015-та, пишува Re/code. Apple, Google, Samsung, Microsoft, HTC, Motorola, Huawei, Nokia и другите големи производители ќе користат технологија која, по избор на корисникот, ќе ги блокира комплетно украдените телефони за да не можат да бидат вклучени без дозвола од оригиналниот корисник. Целта е да се спречи препродавањето на украдените телефони, и со тоа да се намалат и кражбите.

Некои производители веќе имаат вградено технологија против кражби, како Apple кој има вградени Activation Lock во својот iOS 7, опција која не го отклучува телефонот и по ресетирање без Apple ID и лозинка; и Google кој креираше Android Device Manager за да се следи украдениот телефон. Со новиот iPhone 5S и Samsung Galaxy S5 се поставија стандарди за отклучување на телефоните со отисок од прст, иако таа заштита не значи многу ако се направи фабричко рестартирање на телефонот.

Иако оваа иницијатива е волонтерска од страна на производителите, Re/code пишува дека се повеќе американски и европски држави планираат да воведат закони со кои ќе се бара уредите да имаат „kill-switch“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments