Блок по блок: Google откри нови детали за Project Ara

0 коментари 1 мин. читање

Откако ги сподели првите упатства за девелоперите на Project Ara, сега Google му дозволи на Verge да влезе во лабораториите во кои се развива „направи-си-сам“, и да објави видео во кое се објаснува дел од технологијата, модификациите, изгледот на телефонот, но и зошто компанијата се одлучи да ја употреби филозофијата на Darpa кога е во прашање новиот телефон. Мантрата на Darpa e дека секој проект мора да заврши со презентација на прототип и објаснување на предностите и ризиците, наместо PowerPoint-презентација.

Засега Project Ara останува прототип, но се очекува да се продава од 2015-та година, и, со оглед на тоа дека чини 50 долари да се направи, цената би се движела од 100 до 500 долари за high-end уред.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top