Секојпат кога ќе отворите апликација, таа апликација бара од вас дозвола за вашите податоци. Честопати, сте кликнале потврдно без да видите што точно бара таа апликација. Но, тоа што следи можеби ќе ве натера да поразмислите бидејќи апликациите собираат куп ваши податоци, велат истражувачи од MIT, Harvard и Carnegie-Mellon. Истражувањето покажа дека 73 отсто oд Android апликациите и 47 отсто од апликациите на iOS ја споделуваат локацијата на корисниците. Во тестот учествуваат 55 Android и 55 iOS апликации.
Од личните податоци кои можат да го идентификуваат корисникот, Android апликациите го споделуваат вашето име во 49 отсто од случаите; 25 отсто го споделуваат вашиот имејл. Што се однесува до iOS, 18 отсто од iOS девелоперите не го споделуваат ентузијазмот на Apple кога во прашање е чувањето на личните податоци. Затоа 16 отсто ја споделуваат и имејл адресата.
Очекувано најголем дел од Android апликациите споделуваат податоци со Google, и не толку очекувано Facebook. Најголем дел од Android апликациите, 51 од 55, се конектираат на safemovedm.com, а она што загрижува е што целта на овој домен во моментов е непозната, иако конекцијата продолжува и кога сите апликации се исклучени. Ars Technica и ВВС побараа одговор од Google за овој домен, но досега го немаат добиено.








