6 коментари 2 мин. читање 6 ноември, 2015

90 отсто од онлајн пратките во Македонија доаѓаат од Кина!

Нe му успеа на Amazon, ниту на македонските е-продавници. Но му успева на кинескиот AliBaba да ја освои Македонија со своите евтини производи и бесплатна достава. Во интервју за Канал5 во кое се дискутираше „дали Македонски пошти можат да се справат со онлајн нарачките?“, раководителот во Пошти, Деан Велковски, откри една фасцинантна статистика – дека 90 отсто од сите онлајн нарачки доаѓаат од Кина! Но, можеби треба да бидете претпазливи со нарачките од Кина, бидејќи тамошните агенции предупредуваат за фалсификати.

Иако локалната е-трговија во Македонија е на ниско ниво, доминирана од сервисите за групни попусти, сепак нарачките од странство се зголемуваат. Според г. Велковски, има пораст од 20 отсто во онлајн нарачки, и се очекува поголем наплив на пратки посебно сега за празниците. Што се однесува до проблемите за доставата, како подолгото време за достава, г. Велковски ги обвинува кинеските доставувачи дека тие често ги успоруваат пратките, но често се случува да има и неправилно адресирање што го забавува процесот.

Г. Велковски им се обрати и на македонските е-продавници да се обратат во Македонски пошти за да најдат начин и услуга што ќе ја подобри испораката на продукти.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top