{mosimage} Истражувачкиот тим на Nokia престави нова идеја за идната интеракција со мобилниот телефон. Не се работи за екран со допир туку за радар на мобилниот телефон кој го следи важето движете и реагира со намалување и зголемување на звукот зависно од близината меѓу раката и телефонот.
Основната функција за намалување на звукот на телефонот е одлична и корисна. За демонстрација тимот од Nokia го користи мобилниот телефон за мерење на брзината на одење на еден нивен член. Тоа можеби е малку и непотребно. :)
Еве што вели Nokia за својот радар концепт:
„Овој истражувачки концепт ќе овозможи нови начини за корисниците да комуницираат со својот уред, пример со гестикулации. Исто така ги отвара вратите за апликации базирани на радарот што може да се искористат во спортот, за забава или за личната заштита.“






